Skip to content Skip to footer

За проектот

Romanse е проект кој има за цел да ја подобри социо-економската положба на жените Ромки во Република Северна Македонија. Преку овој проект ќе се промовира социјалното претприемништво кај ромската заедница и ќе се овозможи вклучување во општеството.

Како партнер, Здружението Иницијатива за правата на жените Ромки во Шуто Оризари ќе биде одговорно за подигање и ширење на свеста.

Следниве активности се:

Развивање план за подигање и ширење на свеста

Дизајнирање и ширење информативен материјал и алатки

Организирање настани за дисеминација

Обезбедување кампањи за подигање на свеста

Дополнителни активности кои треба да ги спроведат партнерите се:

1

Обезбедување на персонал за проектот со потребните ресурси

2

Имплементација на проектни активности и управување со резултатите

3

Подготвување и доставување извештаи до Координаторот

4

Обезбедување на циркулирани информации за важни прашања поврзани со спроведувањето на Предлогот до Координаторот

5

Подготвување наративни и финансиски извештаи за активностите што ги спроведуваат партнерите до координаторот

6

Соопштување на сите предложени измени на одобрениот временски план и буџет до Координаторот

Социјалното претприемништво е нов, иновативен деловен потфат кој влијае на социјалните промени. Социјалните претприемачи имаат одредена цел за која дејствуваат и за која развиваат бизнис модел кој ќе овозможи позитивно влијание. Главната цел е да се создадат трајни социјални промени преку бизнисот.

Времеплов на проектот:

Времетраење

22.03.2024 - 31.03.2027

Донатор

Европска Унија

E-mail
Password
Confirm Password